• сабота, 23 ноември 2024

Украина и САД започнуваат воени вежби во Црно Море, и покрај руското противење

Украина и САД започнуваат воени вежби во Црно Море, и покрај руското противење

Киев, 28 јуни 2021 (МИА) - Украина и САД ќе започнат воени вежби во Црно Море и јужна Украина во кои ќе учествуваат повеќе од 30 земји, и покрај руските повици за откажување на вежбите.
Вежбите „Морски ветер 2021“ следат по зголемувањето на тензиите меѓу НАТО и Москва, која минатата недела соопшти дека истрелала предупредувачки истрели во близина на британски воен брод за да го истераат од водите на Црно Море, покрај брегот на Крим.
Велика Британија ја отфрли руската верзија на инцидентот.
 
Русија го анектираше Крим во 2014 година и тврди дека е руска територија, но полуостровот е меѓународно признат како дел од Украина. Руската амбасада во Вашингтон минатата недела повика на откажување на вежбите, а руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори доколку е потребно за да се заштити сопствената национална безбедност.
Вежбите ќе траат две недели и во нив ќе учествуваат 5.000 војници од НАТО и другите сојузнички земји, како и околу 30 бродови и 40 авиони. Исто така, ќе биде вклучен и уништувачот на ракети УСС Рос и американски маринци. Украина вели дека главната цел е да се стекне искуство во заеднички активности за време на мултинационалните мировни и безбедносни операции.
Тензиите повторно се зголемија оваа година, бидејќи Русија собра војска на границата со Украина, каде дел од трупите се уште се наоѓаат таму со својата опрема. паг/
 

Остани поврзан