Украина и Литванија потпиша документ за намера за заедничко производство на одбранбени производи
- Заедно се фокусираме на започнување заедничко производство, особено на создавање беспилотни летала со долг дострел, наведе Шмигал
Киев, 25 август 2025 (МИА) – Министрите за одбрана на Украина и на Литванија, Денис Шмигал и Довиле Шалалијене потпишаа документ за намери за заедничко производство на одбранбени средства, со цел да се зајакне безбедноста на двете држави.
- Заедно се фокусираме на започнување заедничко производство, особено на создавање беспилотни летала со долг дострел, наведе Шмигал.
Тој и се заблагодари на Шалалијене за посетата на Украина и „продуктивната интеракција“, потенцирајќи оти е важно што Литванија ќе продолжи да извојува 0,25 отсто од бруто домашниот производ за воена помош за Украина до 2027 година. Според Шмигал тоа е силен сигнал за долгорочна поддршка за украинските војници.
Шмигал наведе и дека со литванската министерка разговарале и за дополнителни средства за купување на оружје и развој на украинската индустрија, како и за „систематската и непоколеблива поддршка на Литванија за Украина на патот кон победата“. ми/
фото: ЕПА