• петок, 05 декември 2025

Украина го изгуби борбениот авион што Франција им го испорача на своите сили оваа година

Украина го изгуби борбениот авион што Франција им го испорача на своите сили оваа година

Киев, 23 јули 2025 (МИА) - Украина го изгуби борбениот авион Мираж 2000 што се урна во лет поради дефект, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-За жал, изгубивме борбен авион. Многу ефикасен француски авион, еден од нашите ловци Мираж, рече Зеленски во говорот емитуван на веб-страницата на украинскиот претседател.

„Пилотот успеа да се катапултира, а авионот не беше соборен од Русите“, додаде тој.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека инцидентот се случил вчера вечерта и дека „немало жртви на земја“.

Пилотот пријавил дефект во авионот, а потоа, како што се очекуваше во кризна ситуација, се катапултирал и успешно.

Испораката на борбени авиони на Украина започна претходно оваа година како дел од француската помош, каде што се обучени украински пилоти и механичари. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан