Украина воспоставува коридори за извоз на житарки преку Полска и Романија
- Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави денеска помошник-шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник.
Сингапур, 12 јуни 2022 (МИА) – Украина воспостави две рути за извоз на житарки, преку Полска и Романија, со цел да се спречи глобалната криза со храна, изјави денеска помошник-шефот на украинската дипломатија Дмитро Сеник.
На безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, Сеник рече дека глобалната безбедност на храната е загрозена затоа што руската инвазија го запре украинскиот извоз на житарки преку Црното Море, што предизвика општ недостиг и скок на цените.
Пред руската инвазија, Украина беше најголемиот светски производител на сончогледово масло и еден од главните извозници на пченица, додека милиони тони житарки се во пристаништата поради руската блокада.
- Украина беше во преговори со балтичките земји за додавање трет коридор за извоз на храна. Овие рути не се совршени бидејќи создаваат одредени тесни грла, но ние даваме се од себе да ги развиеме тие рути, изјави Сеник.
Тој не даде детали колку житарки веќе се преместени или ќе бидат префрлени преку овие рути. јт/