• недела, 22 декември 2024

Украина бара одговор од меѓународната заедница за наводните убиства на украински затвореници во Курск

Украина бара одговор од меѓународната заедница за наводните убиства на украински затвореници во Курск

Киев, 13 октомври 2024 (МИА) – Украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец ги повика денеска меѓународните организации да одговорат на тврдењето дека неколку украински воени заробеници биле егзекутирани во руската област Курск, каде што украинската армија изврши инвазија во август.

DeepState, украински сајт за анализа на војната близок до Министерството за одбрана на Украина, информира дека руски војници на 10 октомври убиле девет украински оператори со дронови, откако тие се предале.

Лубинец на Телеграм рече дека испратил писма до ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст во врска со случајот, нарекувајќи го „уште едно злосторство извршено од Русите“.

Главниот украински обвинител Андриј Костин денеска исто така рече дека неговата канцеларија отворила кривична истрага за случајот.

На почетокот на овој месец, украинското Јавно обвинителство соопшти дека руските војници убиле 16 заробени украински војници во регионот на Доњецк. На овие тврдења нема одговор од руските власти. јт/

Остани поврзан