Укината забраната за тешки товарни возила на патот Гостивар - Кичевo преку Стража
- Во 11:10 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичевo преку планинскиот превој Стража.

Скопје, 27 февруари 2022 (МИА) - Во 11:10 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичевo преку планинскиот превој Стража.
Од АСМС информираат дека денеска од 10:35 часот укината е и забрана за движење на ТМВ на патниот правец Охрид - Кичево, превој Пресека и обратно.
Посочуваат дека од 00:40 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 06:20 часот поради обилни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.фф/ац/