• четврток, 19 декември 2024

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку Стража

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку Стража
Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) - Вечерва во 18:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража, што беше воведена во 15:50 часот поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија. Претходно од АМСМ информираа дека во 18:15 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар, која беше воведена во 15 часот поради врнежи од снег. Од „Македонијапат“информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.ир/лв/

Тагови

Остани поврзан