• петок, 22 ноември 2024

УКИМ одржа академски свечености по повод одбележувањето на 74-годишнината од своето основање

УКИМ одржа академски свечености по повод одбележувањето на 74-годишнината од своето основање

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Во рамките на академските свечености по повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј- патрониот ден, во аулата на Ректоратот, денеска се одржа настан на кој им беа доделени титулата почесен доктор на универзитетот на Петер Рау од Германија и звањето на почесен професор на Оскар Азман од Австрија.

Од УКИМ информираат дека Петер Рау е визитинг-професор на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и основач и директор на Институтот за германско-македонски односи, додека Оскар Азман е редовен професор на Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија.

- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје му ја додели титулата почесен доктор на УКИМ на проф. д-р Петер Рау во знак на признание за долгогодишната наставна дејност како визитинг-професор на Катедрата за германски јазик и книжевност, за големите достигнувања во полето на македонскиот јазик, книжевност и преведувачка дејност, како и за развојот на германско-македонската соработка во областа на уметноста, културата и театарот, стои во соопштението на УКИМ.

Проф. д-р Оскар Азман пак, се закити со звањето почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во знак на признание за придонесот во развојот на македонската пластична и реконструктивна хирургија, достигнувањата во наставно-едукативната, научноистражувачката и стручно-апликативната дејност, како и за афирмацијата на Универзитетот и на Република Северна Македонија во меѓународното опкружување. сх/са/

Фото: УКИМ

Остани поврзан