• среда, 18 март 2026

УЕФА ја одби жалбата на Бенфика

УЕФА ја одби жалбата на Бенфика

 

Нион, 25 февруари 2026 (МИА) – УЕФА ја одби денеска жалбата на Бенфика против суспензијата што му беше изречена на фудбалерот на португалскиот клуб Џанлука Престијани, кој беше обвинет за расизам за време на првиот натпревар од плејофот во Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

„Комитетот за жалби на УЕФА ја отфрли жалбата на Бенфика. Џанлука Престијани останува привремено суспендиран за следниот натпревар во организација на УЕФА“, се наведува во соопштението.

Натпреварот во Лисабон на кој Реал Мадрид победи со 1-0, беше прекинат десет минути откако бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор му се пожали на главниот судија дека аргентинскиот фудбалер Престијани го нарекол „мајмун“. Престијани ги негираше обвинувањата на својот Инстаграм профил.

Одлуката на УЕФА значи дека Престијани ќе го пропушти реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ што се игра вечерва со почеток во 21 часот.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан