• четврток, 03 октомври 2024

УЕФА ја казни Рома со 2 милиони евра

УЕФА ја казни Рома со 2 милиони евра

Женева, 6 септември 2024 (МИА) - Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Рома со 2 милиони евра и му се закани на турски Истанбул Башакшехир со едногодишна забрана за учество на европските турнири, по најновите одлуки на финансиските истражители. Башакшехир е казнет и со 100.000 евра.

Казни од 60.000 евра беа изречени на англиската Астон вила и 20.000 евра на францускиот Олимпик од Марсеј за ненавремено поднесување на сметките до системот за следење, порано познат како Финансиски фер-плеј.

Астон Вила оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите, најверојатно ќе заработи најмалку 40 милиони евра од наградниот фонд на УЕФА. Олимпик Марсеј, кој исто така беше казнет од УЕФА во 2022 година, не се квалификуваше за ниту еден од европските турнири оваа година, откако минатата сезона се пласираше во полуфиналето на Лига Европа.

Пари Сен Жермен, Интер и Милан беа меѓу клубовите казнети во претходните години кои ги исполнија своите финансиски цели минатата сезона, додаде управното тело на европскиот фудбал.

Рома „малку го надминала средниот лимит“ и е казнета, соопшти УЕФА. Италијанскиот тим оваа сезона ќе игра во Лига Европа, а ова учество може да донесе десетици милиони евра од наградниот фонд.

Панелот за следење на клупските финансии на УЕФА оцени дека Истанбул Башакшехир „малку го надминал конечниот лимит“ минатата сезона.

Турскиот клуб нема да добие дозвола за учество во квалификациските натпреварувања на УЕФА во следните три сезони доколку не ги исполни новите финансиски цели, а исто така може да пријави само 23 играчи наместо 25 во Конференциската лига оваа сезона. дс

Фото: Архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан