• сабота, 29 јуни 2024

Удар за Англија! Хари Кејн се повреди

Удар за Англија! Хари Кејн се повреди
Лондон, 11 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн се здоби со повреда за време на тренингот на англиската репрезентација, објави „Мирор“. Ѕвездата на „мамузите“ е под знак прашалник за мечот со Белгија на турнирот во Лигата на нациите. На крајот на тренингот, 27-годишниот напаѓач се пожалил на чувство на напнатост во мускулите. Тотенхем побара од управата на репрезентативниот тим Кејн да се врати во клупската база, но тренерот на „трите лава“ Герет Саутгејт одби, бидејќи смета дека повредата не е толку сериозна. Доколку Кејн сепак не се опорави, неговото место во почетниот состав ќе го заземе Доминик Калверт-Луин. Хари Кејн оваа сезона постигна три гола на четири натпревари во Премиер лигата.

Тагови

Остани поврзан