• четврток, 26 март 2026

Уганда ќе прими африкански мигранти депортирани од САД

Уганда ќе прими африкански мигранти депортирани од САД

Кампала, 21 август 2025 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Уганда соопшти дека согласно новиот договор земјата под одредени услови ќе прими мигранти депортирани од САД.

МНР на Уганда на Икс објави дека двете страни сè уште дискутираат за спроведување на договорот.

Уганда нема да прими лица со криминално досие, како и малолетни лица без придружба. Уганда, исто така, претпочита да прими луѓе од африканските земји, се наведува во соопштението на МНР.

Договорот се однесува на државјани на трети земји на кои можеби нема да им биде одобрен азил во САД и кои се во опасност да се вратат во нивните татковини.

Претходно, висок владин претставник изјави дека Уганда нема да прифати мигранти депортирани од САД.

Уганда, сојузник на САД, веќе е домаќин на речиси два милиони бегалци и баратели на азил, од кои повеќето доаѓаат од соседните земји како што се Демократска Република Конго, Јужен Судан и Судан. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан