• недела, 22 декември 2024

Убиство и обид за самоубиство во Струга

Убиство и обид за самоубиство во Струга
Струга, 20 април 2021 (МИА) – Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба. - Во 19 часот и 15 минути пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница – Струга, изјави Димоски. Брачниот пар имал и малолетни деца. Полицијата, додаде, работи на расчистување на случајот. сс/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан