Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
- Според првичните информации, во инцидентот загинал египетски војник, а меѓу израелските сили нема жртви

Рафа, 27 мај 2024 (МИА) - Израелски и египетски војници денеска разменија оган во близина на граничниот премин Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.
Според првичните информации, во инцидентот загинал египетски војник, а меѓу израелските сили нема жртви.
Израелските одбранбени сили потврдија дека по „инцидентот“ воспоставиле контакт со Египет.
„Пред неколку часа имаше инцидент и пукање на границата со Египет. Инцидентот е под истрага, дијалогот е во тек со египетската страна“, соопшти ИДФ. сд/
фото:израелско МО