• среда, 08 мај 2024

Убиени шест лица во предградие во источниот дел на Атина

Убиени шест лица во предградие во источниот дел на Атина

Атина, 11 септември 2023 (МИА) – Шест лица попладнево биле пронајдени смртно повредени од огнено оружје во атинското предградие Артемида во источниот дел на градот, јави дописничката на  МИА од Атина.

Од убиените, петмина биле застрелани во автомобил, а шестиот бил пронајден во непосредна близина на возилото.

Според првичните неофицијални информации, автомобилот бил со германски регистарски таблици, а веројатно станува збор за расчистување сметки. ср/

Остани поврзан