• недела, 22 декември 2024

Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта

Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта

Сараево, 15 октомври 2024 (МИА) - Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта.

Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина.

Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан