• сабота, 14 декември 2024

Уапсен претседателот на регионалната влада на Калабрија, соработувал со мафијата

Уапсен претседателот на регионалната влада на Калабрија, соработувал со мафијата
Рим, 19 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на регионалната влада на Калабрија, Доменико Талини, член на десноцентристичката партија „Форца Италија“, беше уапсен под обвинение дека соработувал со криминалната организација Ндрангета, пренесуваат италијанските медиуми на насловните страници. Сега, поранешниот претседател на регионалната влада, според медиумите, му помогнал на локалниот огранок на Ндрангета да основа компанија за дистрибуција на големо на медицински материјали, која имала 20 продажни места во регионот на Калабрија, Пуља и Емилија Ромања. За возврат, пишуваат весниците, Ндрангета му помогнала на политичарот на локалните избори во 2014 година и во јануари годинава, кога, „благодарение на поддршката на мафијашките партнери“, Талини беше избран за претседател на регионалната влада. Претседателот на парламентарната комисија за борба против мафијата, Никола Мора на својот Фејсбук профил потсети дека во јануари тој тврди дека „Талини е несоодветен за функцијата поради сомневање дека е поврзан со мафијата“. Покрај Доменик Талини, уапсени се уште 18 лица. паг/

Остани поврзан