• петок, 05 декември 2025

Уапсен малолетник во Тетово поради пронајдена дрога

Уапсен малолетник во Тетово поради пронајдена дрога

Тетово, 21 август 2025 (МИА) – Тетовската полиција информира дека попладнево во Тетово е уапсен малолетник во Тетово поради пронајдена дрога во неговиот дом. 

Кај малолетникот прво биле пронајдени две кеси со марихуана кога полицајци му извршиле претрес на улицата „ЈНА“. - Потоа, при извршен претрес во домот на малолетникот пронајдени се 28 зипер кеси со зелена тревкаста материја, информираат од СВР Тетово. 

Малолетникот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ас/рп/

Фото: СВР Тетово 

Остани поврзан