• понеделник, 04 ноември 2024

Уапсен маж кој фрлил Молотов коктел врз мавзолејот на Ленин на Црвениот плоштад во Москва

Уапсен маж кој фрлил Молотов коктел врз мавзолејот на Ленин на Црвениот плоштад во Москва

Москва, 18 јули 2023 (МИА) – Во Москва ноќеска е уапсен маж кој се обидел да го запали мавзолејот на Ленин, фрлајќи Молотов коктел врз објектот што се наоѓа на Црвениот плоштад, јави Тасс. 

Напаѓачот е приведен, изјави денеска претставник на безбедносните сили.

-Инцидентот се случи синоќа околу 22 часот по московско време, кога непресметлив човек се приближил до мавзолејот и фрлил шише полно со запалива материја во правец на објектот. Тоа не предизвикало пожар, а полицијата брзо го фатила напаѓачот, рече безбедносниот извор за руската агенција.

Напаѓачот се товари дека одбил да послуша полициска наредба, додека се разгледува кривичното дело хулиганство.

Мавзолејот не претрпел никакви оштетувања. сд/

фото:Твитер

Остани поврзан