Уапсен крадец на мопед, полицијата го вратила на сопственикот
- Вчера цо 19 часот полицијата го уапсила С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, соопштија денеска од СВР Струмица.
Струмица, 2 септември 2025 (МИА) - Вчера цо 19 часот полицијата го уапсила С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, соопштија денеска од СВР Струмица.
Се наведува дека С.В. бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото, а од него бил одземен мопедот и е вратен на сопственикот.
Се додава дека е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.рт/
Фото: МИА архива