Уапсени 525 шверцери на дрога во најголема операција во Турција
- Турската полиција уапси 525 осомничени шверцери на дрога ширум Анкара, во најголемата операција за борба против дрога во историјата на земјата, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликаја.

Истанбул, 17 април 2025 (МИА) - Турската полиција уапси 525 осомничени шверцери на дрога ширум Анкара, во најголемата операција за борба против дрога во историјата на земјата, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликаја.
„Во операцијата учествуваа илјадници полицајци, кучиња трагачи, беспилотни летала и хеликоптери, а цел беа повеќе од 625 објекти“, рече Јерликаја.
Рациите следеа по шестмесечен „технички и физички надзор“ на секој осомничен. рп/
Фото: МИА архива