Уапсени четири лица во Куманово, питачеле со нивните малолетни деца
- Кумановската полиција уапси четири лица од Куманово и Скопје кои питачеле со нивните малолетни деца, соопшти денеска СВР Куманово.
Куманово, 17 ноември 2025 (МИА) - Кумановската полиција уапси четири лица од Куманово и Скопје кои питачеле со нивните малолетни деца, соопшти денеска СВР Куманово.
- Вчера врз основа на претходно изготвен план, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.А.(28), Т.Џ.(42) и С.Б.(33), сите од Куманово и С.С.(27) од Скопје затоа што тие биле забележани како питачат со нивните малолетни деца, информираше полицијата.
СВР Куманово, против нив ќе поднесе кривични пријави за „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик. ам/вј/
Фото: МИА