• петок, 15 ноември 2024

Тухел за назначувањето во Англија: Одамна чувствував лична поврзаност со играта во оваа земја

Тухел за назначувањето во Англија: Одамна чувствував лична поврзаност со играта во оваа земја

Лондон, 16 октомври 2024 (МИА) - Германскиот селектор Томас Тухел изјави дека е огромна привилегија да се претставува Англија на меѓународните турнири.

Денес Англиската фудбалска асоцијација го објави назначувањето на 51-годишен специјалист за селектор на националниот тим. 

- Многу сум горд што ја имам честа да ја водам репрезентацијата на Англија. Одамна чувствувам лична поврзаност со играта во оваа земја, а таа веќе ми овозможи неколку неверојатни моменти. Да се ​​има шанса да се претставува Англија е огромна привилегија и можноста да се работи со оваа посебна и талентирана група на играчи е многу возбудливо, изјави Тухел.

Германецот ќе ги преземе своите должности на 1 јануари 2025 година.

Последната работа на Тухел беше Баерн, кој го напушти на 30 јуни годинава. Под негово водство, тимот од Минхен стана германски шампион во сезоната 2022/23. 

Тухел претходно беше тренер на Челзи, ПСЖ, Борусија и други екипи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан