Туфегчиќ: Има прилично контроверзи, ќе предложиме соочување на Александар со Музафер и сослушаниот сведок Дејан
- Полицискиот началник потврди дека фактички неговиот оддел не бил надлежен меѓутоа се вклучиле во целокупната постапка. Според она што имавме прилика да го слушнеме, постапувале без конкретни стандарди и процедури за постапување. Едноставно се раководеле по некои свои лични чувства и согледувања, изјави бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ по денешното рочиште за убиството на Вања и Панче во Кривичен суд.
Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) – Полицискиот началник потврди дека фактички неговиот оддел не бил надлежен меѓутоа се вклучиле во целокупната постапка. Според она што имавме прилика да го слушнеме, постапувале без конкретни стандарди и процедури за постапување. Едноставно се раководеле по некои свои лични чувства и согледувања, изјави бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ по денешното рочиште за убиството на Вања и Панче во Кривичен суд.
Во однос на денешните сведочења, Туфегчиќ, рече дека „има прилично контроверзи во неговиот исказ“, и дека за тоа како одбрана ќе вложат приговор и по сослушувањето на Александар до Судот ќе предложат соочување со г. Музафер и денес сослушаниот сведок Дејан, за како што вели „ заради целосно расчистување на работите“.
-На крајот можам да заклучам дека исказот на овој сведок е и како што самиот кажа, дека однесувањето на Александар му останало само на ниво на сомневање. Потврди дека не успеал да обезбеди ниту релевантен доказ кој би одел во насока да тој биде обвинет. Изнесе некои работи за кои јас не знам дали е спроведена постапка во таа насока, а тоа е денеска првпат дознаваме дека од еден од видеозаписите имало двајца луѓе вработени од „Комунална хигиена“ па не знам дали тие луѓе биле обезбедени, дали е направен обид да се стапи во контакт со нив, а тие луѓе биле во кривичниот момент кога со возилото како што опиша началникот биле пред зградата на „Наум Наумовски Борче“, ијзави Туфегчиќ.
Потврди и, како што посочи Туфегчиќ, ја расчистил дилемата околу фамозниот пресечен кабел дека ресиверот е ставен на проверка, дека бил потполно чист и празен, дека немало никакви видео записи подолг временски период наназад.
Во однос на тоа дека Александар на 27 ноември два часа после грабнувањето на неговата ќерка бил забележан со неговото возило како се движи накај Качанички пат што всушност е во близина каде што ќе биде подоцна пронајдена и Вања, Туфегчиќ рече дека „Александар воопшто не крие ниту во момент се обидел да сокрие дека со возилото бил на неколку локации, не само према таа од Качанички пат“.
-Денеска дознавме дека тој со полицијата бил во возилото кога пристигнал сведокот Митре Лазаревски. Денеска, самиот началник потврди дека еден од разговорите го водел на начин што кога го свртел телефонот на пропуштен позив се јавила Зорица. Значи и разговорот со Александар се водел во присуство на Зорица. Го спомна началникот прашањето односно еден од сомнежите тоа е една бришана порака за која воопшто не се утврди каква е пораката и со која содржина и за која ние како одбрана посочивме дека се работи за порака која е комуникација помеѓу Александар и една родителка на едно дете, која има име, која пројавила интерес и тоа е содржината на пораката „до каде се“ и „се прави ли нешто“, а Алаксандар одговора – „ништо, полицијата тврди дека Вања е избегана“. Понатаму дознавме нешто што мислам дека е ново и за родителите и шокантно за мене ова што го истакна началникот дека наводно Вања имала некаков обид заради кавга помеѓу родителите да се самоповреди и ова е за мене ново. Јас вакво сознание и информација навистина немам и ниту еден, ниту Александар па ниту Зорица такво нешто не истакнале, појасни Туфегчиќ.
За снимките што Гоце и Александар ги доставиле на полицијата од возилото на Панче Жежовски пред воопшто тие да знаат дека Панче Жежовски е убиен, тој појасни дека „фокусот на Александар и на Гоце кон возилото е во моментот кога од нивна пријателска врска од Сеиф Сити добиваат потврда дека помеѓу другото за ова возило е распишана потрага“.
– Па тоа е најголемата трагедија и де факто потврда на сето она што го тврдиме како одбрана од првиот момент е денешниот исказ на началникот дека постапувале без какви било правила за мерки и стандарди за постапување во ваков случај. Постапувале секој според некое свое наоѓање. Самите слушнавте дека отишле во една насока со истрагата, па после застанале, па тргнале во сосема друга насока и де факто ова што им го дале Александар и Гоце фактички е клучниот момент на поврзување на двата настани, а со цел и овозможување на откривање на двата случаи. Инаку, јас лично тврдам дека да не биле вклучени овие двајца луѓе ние и денеска ќе имавме состојба каде што Вања и Панче ќе се водеа за исчезнати и немаше да бидат пронајдени, во тоа сум сигурен, изјави Туфегчиќ.
За негобвиот клиент, според него, е многу нормално да се раководи према некои лични нагони и чувства и без некакви правила, односно според некои негови логични правила.
-Истото се однесува и на Гоце. Меѓутоа, они преземаат се по некои инерции и тоа не е спорно. Значи, снимките ги обезбедија тие и тоа не е спорно. Ги пратиле на денес сослушаниот началник и тоа не е спорно. Александар во ниеден момент не ја криел комуникација помеѓу него, Музафер и г. Дејан. Се што имал споделил со Зорица, денеска тоа го потврди и началникот дека во нејзино присуство се одвивал разговор. Понатаму, она истражување со лице од Шведска, значи се работи за дете кое има свое име и кое не сакам да прејудицирам живее во Шведска итн., а за него денес испитаниот сведок говори како да е тоа возрасен човек, па вика – чекавме и проверувавме дали има влез или излез во земјата итн., се работи за дете кое во тоа време имало 14 години, изјави Туфегчиќ. аа/са/
Фото: МИА архива