Туск: Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април
- -Денеска одлучив да донесам уредба, која формално треба да биде испратена до Централната изборна комисија заедно со изборниот календар, но одлуката е веќе донесена, рече премиерот.

Варшава, 16 јануари 2024 (МИА) - Локалните избори во Полска ќе се одржат на 7 април, а вториот круг ќе се одржи на 21 април, соопшти на прес-конференција полскиот премиер Доналд Туск, пренесе полската новинска агенција ПАП.
-Денеска одлучив да донесам уредба, која формално треба да биде испратена до Централната изборна комисија заедно со изборниот календар, но одлуката е веќе донесена, рече премиерот.
Според Изборниот законик на Полска, изборите мора да се одржат помеѓу 31 март и 23 април 2024 година.сд/
фото:МИА архива