Туск: Капитулација под принуда на Украина би значела капитулација на целиот Запад
- „Принудната капитулација на Украина би значела предавање на целата западна заедница. Со сите последици од овој факт. И никој нека не се преправа дека не го гледа ова“, напиша Туск на платформата Х.

Варшава, 20 февруари 2025 (МИА) – Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека принудната капитулација на Украина може да значи капитулација на целиот Запад, со сите последици што ќе следат.
„Принудната капитулација на Украина би значела предавање на целата западна заедница. Со сите последици од овој факт. И никој нека не се преправа дека не го гледа ова“, напиша Туск на платформата Х.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ кој „не смее да одржува избори во својата земја“, наведувајќи дека Зеленски е многу слабо рангиран во украинските анкети и дека единственото нешто во што е добар е да го изигра поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени оваа изјава на Трамп како „лажна и опасна“.сд/
фото:МИА архива