• сабота, 18 мај 2024

Турција, Шведска и Финска потпишаа меморандум за прием на Шведска и Финска во НАТО

Турција, Шведска и Финска потпишаа меморандум за прием на Шведска и Финска во НАТО
Мадрид, 28 јуни 2022 (МИА) - Турција, Шведска и Финска денеска потпишаа меморандум за процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО, јавува Анадолија. Меморандумот го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Финска и Шведска, Пека Хависто и Ана Линде. На потпишувањето присуствуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магалена Андерсон. Меморандумот беше потпишан во центарот ИФЕМА во Мадрид, каде се одржаа средби во рамките на Самитот на НАТО. Детали од меморандумот засега не се објавени. ссм/

Остани поврзан