• петок, 15 ноември 2024

Турција постави уште четири набљудувачки пунктови во Сирија

Турција постави уште четири набљудувачки пунктови во Сирија
Дамаск, 6 февруари 2020 (МИА) - Турската армија постави четири нови пунктови за набљудување во провинцијата Идлиб, северозападна Сирија, со цел да спречи напредување на владините сили кои се борат против терористите во тој дел на земјата, јави телевизијата Ал Екбари со седиште во Ријад. Телевизијата наведе дека сириската армија вчера зазеде позиции околу стратешки град Саракиб, што се наоѓа на патот Алепо – Дамаск и Алепо  - Лактија, додека милитантите побегнаа на север, во правец на Идлиб. Претходно, командата на сириската армија соопшти дека турските сили зазеле позиции на линијата помеѓу градовите Биниш, Марет, Масрин и Тафтаназ. За Дамаск акциите на Турција се „обид да се попречи сириската армија да го заврши уништувањето на терористите од Нусра фронтот во провинцијата Идлиб“. Сириската армија тврди дека Турција ги поддржува милитантите кои се борат против владините сили. Во ракетните напади на сириските владини сили во понеделникот загинаа осум турски војници и други членови на персоналот, а турската авијација и артилерија одговорија следниот ден извршувајќи 54 напади врз цели во Идлиб, при што загинаа 76 сириски војници. Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани дека ќе употреби сила против силите на сириската Влада доколку тие не се повлечат до крајот на месецот на претходно договорената линија за прекин на огнот во северна Сирија. ми/

Остани поврзан