Турција бара одобрување за мировните сили во Азербејџан
- Турската Влада денеска достави предлог-закон до Парламентот со кој се бара одобрување за распоредување мировни сили за следење на договорот за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија.
Анкара, 16 ноември 2020 (МИА) - Турската Влада денеска достави предлог-закон до Парламентот со кој се бара одобрување за распоредување мировни сили за следење на договорот за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија.
Турција е ангажирана во преговорите со Русија за улогата во следењето на прекинот на огнот, што заврши по шест недели интензивни борби меѓу Азербејџан и Ерменија за регионот Нагорно Карабах, јави Анадолија.
Руските и турските министри за одбрана во средата потпишаа меморандум за формирање заеднички центар за надзор во Азербејџан.
Со предлог-законот доставен до Парламентот се бара едногодишен мандат за испраќање турски мировници, во кој е договорено претседателот Реџеп Таип Ердоган да одреди колку војници ќе бидат испратени.
За предлог-законот се очекува да се расправа во наредните денови.
Предлог-законот исто така наведува дека цивилен персонал исто така може да биде распореден како дел од мировната мисија. паг/