• петок, 22 ноември 2024

Турските власти дале дозвола за свечена литургија во манастирот Сумела за Успение на Богородица

Турските власти дале дозвола за свечена литургија во манастирот Сумела за Успение на Богородица

Атина, 25 јули 2023 (МИА) – Свечена литургија по повод празникот Успение на Богородица и оваа година ќе се одржи во историскиот манастир Пресвета Богородица, откако турските власти ја промениле првичната одлука и дале дозвола, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со задоволство соопштуваме дека по најновата одлука на турските власти, дадена е дозвола за одржување Патријаршиска божествена литургија на празникот Успение на Богородица (15 август) во манастирот на Пресвета Богородица Сумела, соопштија од Вселенската Патријаршија. 

Како што утрово објави МИА, грчките медиуми пишуваа дека постои усна дозвола за литургијата и се чека Вселенската Патријаршија да биде и писмено информирана од надлежното турско Министерство.  

Во четвртокот од Вселенската Патријаршија соопштија дека оваа година не ја добиле потребната дозвола и дека нема да се изврши Божествена Литургија за 15 август во историскиот манастир на Пресвета Богородица Сумела.

Следуваше и реакција од Атина, кога дипломатски извори коментираа дека е непријатна разврска, но и дека манастирот, кој е кандидат за прогласување на светско наследство на УНЕСКО „мора да добие максимална можна заштита и да биде целосно достапен за сите“. ср/сд/

 

Остани поврзан