Турскиот суд одби да го разреши лидерот на ЦХП, Озел
- Судот во Турција го отфрли случајот со кој се бараше смена на лидерот на главната опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП) Озгур Озел и поништување на неговата победа на внатрепартиските избори од 2023 година под сомнение за неправилности
Анкара, 24 октомври 2025 (МИА) – Судот во Турција го отфрли случајот со кој се бараше смена на лидерот на главната опозициска партија Републиканска народна партија (ЦХП) Озгур Озел и поништување на неговата победа на внатрепартиските избори од 2023 година под сомнение за неправилности.
Пресудата е донесена во услови на невидена правна битка со ЦХП, во која стотици нејзини членови и избрани функционери се во затвор.
Доколку судот пресудеше против Озел, тоа ќе предизвикаше превирања и судири во ЦХП, давајќи му на претседателот Реџеп Тајип Ердоган поголема шанса да го продолжи своето 22-годишно владеење со Турција.
Судската одлука позитивно влијаеше на берзата. По пресудата главниот индекс на турската берза „Борса Истанбул“ се зголеми за 3,4 отсто, а порасна и вредноста на лирата. ми/
фото: ЕПА