• понеделник, 23 декември 2024

Турскиот собраниски претседавач Мустафа Шентоп во посета на Тетово

Турскиот собраниски претседавач Мустафа Шентоп во посета на Тетово
Тетово, 22 декември 2020 (МИА) - Тетовското муфтивство при исламската верска заедница соопшти дека денеска биле домаќини на повеќечлена делегација, предводена од Мустафа Шентоп, претседател на големото национално Собрание на Република Турција. Шентоп, кој е во официјална посета на земјава, ја посети Шарената џамија во Тетово. Заедно со него бил и заменик министерот за култура и туризам Надир Алпаслан. - При посетата на Шарената џамија, муфтијата на Тетово Ќани Несими го пречека Шентоп кој зборуваше за вредноста на Пашината џамија и за многу други прашања од тоа време. Тетовскиот муфтија на Шентоп му подари уметничка слика со поглед на куќите од стариот дел на градот Тетово, информираат од муфтивството. Делегацијата предоводена од Мустафа Шентоп го посети и комплексот Арабати Баба Теќе. Поради посетата на турската делегација во Тетово денеска беше воведен посебен сообраќаен режим. ас/мс/

Остани поврзан