• петок, 22 ноември 2024

Турскиот Парламент усвои заедничка декларација против тероризмот

Турскиот Парламент усвои заедничка декларација против тероризмот

Анкара, 16 јануари 2024 (МИА) – Големото национално собрание на Република Турција денеска усвои заедничка декларација против тероризмот, со која се потврдува волјата на земјата да се бори против сите терористички групи без оглед каде се наоѓаат.

- На целиот свет му изјавуваме дека Турција има сила одлучно да се бори против сите терористички групи во земјата и во странство. Очекуваме дека парламентите на другите земји и меѓународните организации ќе заземат јасен, бескомпромисен став против терористичките акти насочени кон Турција, се наведува во предлогот усвоен од турскиот Парламент.

Тоа уследи по новите напади на терористичката организација Курдската работничка партија (ПКК) изминатите денови, при што загинаа 21 турски војник.

Припадниците на ПКК често се кријат во северен Ирак од каде планираат прекугранични напади врз Турција. ПКК има и сириски огранок,.

Турција почна серија операции против ПКК во северен Ирак од 2020 година, а најновата почната во април 2022 година и е насочена кон засолништата на терористите на ПКК во северните ирачки области, особено во областите Метина, Зап. и Авасин-Басјан.

ПКК е сепаратистичка организација, која е наведена како терористичка група во Турција, Европската Унија и САД. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, ПКК уби најмалку 40.000 луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан