Турк: Повеќе од 10.500 цивили загинаа во војната во Украина
- Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк денеска изјави дека во војната во Украина досега загинале повеќе од 10.500 цивили, а повеќе од 20.000 се повредени.
Женева, 2 април 2024 (МИА) - Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк денеска изјави дека во војната во Украина досега загинале повеќе од 10.500 цивили, а повеќе од 20.000 се повредени.
„Конфликтот станува се повеќе вкоренет и долготраен, испрекинат со бран напади кои се повторуваат, како што е видено низ целата земја минатата недела“, рече Турк, пренесува „Гардијан“.
Турк во видео пораката објавена на состанокот за неговиот извештај насловен „Човековите права во Украина“ рече дека секојдневно се слушаат многу приказни за човечкото страдање што го доживуваат граѓаните на Украина.
Додаде дека конфликтите низ Украина се интензивираат од минатата недела и дека на украинските деца им е лишено правото да се школуваат на својот јазик.
Тој изјави дека руските вооружени сили во последните две години многу често ги кршеле меѓународните човекови и хуманитарни права. рп/
Фото: МИА архива