• петок, 22 ноември 2024

Турк: Израелското попречување на помошта за Газа би можело да биде воено злосторство

Турк: Израелското попречување на помошта за Газа би можело да биде воено злосторство

Њујорк, 19 март 2024 (МИА) – Ограничувањата на Израел за хуманитарната помош за Газа може да претставуваат тактика на гладување и би можеле да бидат воено злосторство, изјави денеска високиот претставник на Обединетите нации за човекови права Фолкер Турк.

- Израел, како окупаторска сила, има обврска да обезбеди храна и медицинска нега на населението во согласност со нивните потреби и да ја олесни работата на хуманитарните организации за доставување на таа помош, посочи Турк.

Тој додаде дека во Појасот Газа потребно е целосно обновување на основните услуги, вклучително и снабдување со храна, вода, електрична енергија и гориво.

Хуманитарните агенции го обвинуваат Израел за блокадата на Појасот Газа. Израелската Владатврди дека ја олеснува помошта и дека ОН и хуманитарните групи се виновни за какви било проблеми со количината и брзината на испораката.

Европска Унија вчера го обвини Израел дека предизвикува глад и го користи гладот како оружје, додека Израел негира дека нападите се насочени кон цивилите и оти целта е само елиминирање на Хамас. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан