• петок, 22 ноември 2024

Туркоглу реизбран на чело на Кошаркарската федерација на Турција

Туркоглу реизбран на чело на Кошаркарската федерација на Турција


Анкара, 8 октомври 2024 (МИА) – Досегашниот претседател на Турската кошаркарска асоцијација, Хидајет Туркоглу, доби денеска нов четиригодишен мандат на функцијата.
Туркоглу, кој застана на чело на турската кошарка во 2016 година, на изборното Собрание во Анкара доби поддршка од 109 делегати, а неговиот противкандидат Ефе Ајдан на 29.
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на кошаркарските работници во Турција кои ме поддржаа. Тоа значи дека ги препознаа добрите работи што беа направени во претходниот период. Ветувам дека така ќе продолжиме и во следните четири години и дека сите заедно, со напорна работа ќе ја подигнеме турската кошарка на уште повисоко ниво“, изјави Туркоглу по неговиот реизбор.
Туркоглу е турскиот рекордер по број на натпревари во НБА со 1095 натпревари во периодот од 2000 до 2015 година, кога ја заврши кариерата.
Во САД играше за Орландо, Сакраменто, Сан Антонио, Торонто, Феникс и Лос Анџелес Клиперс. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан