Турковиќ ја повика амбасадорката на БиХ во Белград на итни консултации
- По испратената протестна нота до Србија, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ ја повика денеска на итни консултации амбасадорката на БиХ во Белград.
Сараево, 7 јули 2020 (МИА) - По испратената протестна нота до Србија, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ ја повика денеска на итни консултации амбасадорката на БиХ во Белград.
Амбасадорката Алма Смајиќ е повикана на консултации во Сараево во врска со изречената првостепена пресуда на Вишиот суд во Белград за државјанинот на БиХ Хусеин Мујановиќ, кој е осуден на 10 години затвор за воени злосторства врз Срби.
Претходно, Турковиќ испрати протестна нота до Србија и писмо до највисоките претставници на ЕУ по истиот повод.
Во меѓувреме, и претседавачот со Претседателството на БиХ, Шефик Џеферовиќ го повика српскиот амбасадор во Сараево на итен состанок.
Мујановиќ е осуден за воени злосторства врз Срби коии се наоѓале во воен затвор во близина на Сараево. гт/