• недела, 22 декември 2024

Туристички предрасуди: Хрватите се опседнати со сармата и други „национални јадења“

Туристички предрасуди: Хрватите се опседнати со сармата и други „национални јадења“
Загреб, 3 септември 2021 (МИА) - Шкотите се скржави, Италијанците темпераменти, а Скандинавците се држат на растојание... Сите народи и сите луѓе не се исти, но интересно е, а понекогаш и хумористично, да се чуе и прочита што мислат странците туристи за домаќините. Хрватскиот портал „Б92“ пренесува некои од најчестите критики и пофалби на туристите кон Хрватите, но и другите околни земји како туристички домаќини. „За Хрватите, храната е најважна работа на светот. Не се жалам, но секогаш кога доаѓам тука, постојано ме убедуваат да јадам нешто... Среќа што еднаш не ми ја турнаа главата во чинија со сарма... Ми се допаѓа тоа што неделата во Славонија е ден за слатки, пити и колачи, па не е за изненадување што секојпат заминувам од Хрватска со пет килограми повеќе“, вели девојка од Швајцарија која често го посетува Осиек. Хрватите се познати и по страста за пиво, но и по озборувањето на девојките од странство. „Знам неколку хрватски зборови... Честопати ми се случува да слушнам како го коментираат мојот изглед или однесувањето, не знаејќи дека разбирам што говорат. А, имало и вулгарни коментари - за тоа како се облекувам и што носам“, пишува девојка што не говори, но разбира хрватски. Некои туристи, од друга страна, наидуваат и на грубости од туристичките работници. Тоа што важи за одреден поединец, не мора да важи за секој негов сонародник. Но, за жал, вообичаено, ваквите впечатоци многумина меѓу туристите ги доживуваат како групни и општи впечатоци, па затоа токму поединецот треба да внимава како ја претставува својата земја и својот народ.  си/

Остани поврзан