Туризмот и културата приоритети во програмата на Алачки
- Кандидатот за градоначалник на Берово од партијата Интегра, Горан Алачки, презентираше дел од програмата во која, како што истакна, посебен акцент е ставен на туризмот и културата, проекти ко
Берово, 30 септември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Берово од партијата Интегра, Горан Алачки, презентираше дел од програмата во која, како што истакна, посебен акцент е ставен на туризмот и културата, проекти кои, според него, ќе придонесат Берово да биде препознатлива светска и најатрактивна туристичка дестинација.
-Општина Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни туристички дестинации за различни видови туризам: културен туризам, агро туризам, велнес туризам, музичко едукативен туризам и др. Ќе се воведат признанија – амбасадори на културата и заслужни граѓани на Општина Берово, со цел да се поттикнат и поддржат сите културни работници и уметници кои што даваат личен придонес за популаризација на културата, уметноста и музиката, со настап на на светски натпревари, изложби и фестивали, рече Алачки.
Тој ќе се залага, истакна, и за подобро здравство, брендирање на малешевските земјоделски продукти и заштита на шумите.
-Ќе работиме на заштита и брендирање на најзначајните продукти што се произведуваат во општината како што се сирењето, сливовата ракија, компирот и други. Жените во општината кои макотрпно ги произведуваат нај ретките уникатни рачни изработки и органски производи, ќе бидат видно означени нивните објекти каде произведуваат као би можеле туристите да купуваат од нив,рече Алачки.
Кандидатот за градоначалник на Берово од Интегра, се осврна и на патната инфраструктура и повторно профункционирање на автобуските линии, а како примарен голем проект ја наведе изградбата на патниот правец од Владимирово до Радовиш и директните автобуски линии за поврзување на Општина Берово со поголемите градови во земјата.
Во рамки на целодневните активности во Берово, претставниците од Интегра и Алачки го посетија градскиот пазар каде пред граѓаните го претставија мотото „Мое Берово" под кое настапуваат на претстојните локални избори со реден број 20 на гласачкото ливче. вс/мч/