Тупанчески: Мудри одлуки, одговорност и посветеност во 2023 година
- Министерот за правда Никола Тупанчески им ги честита новогодишните и божиќните празници на граѓаните, посакувајќи им добро здравје, среќа, успеси и спокојство.

Скопје, 31 декември 2022 (МИА) – Министерот за правда Никола Тупанчески им ги честита новогодишните и божиќните празници на граѓаните, посакувајќи им добро здравје, среќа, успеси и спокојство.
– Нека 2023 биде година на мудри одлуки, одговорност и посветеност за обезбедување на квалитетен и достоинствен живот. Со меѓусебна почит и соработка, заедно да ги совладаме сите предизвици, стои во честитката на Тупанчески објавена на социјалните мрежи.фф/лв/