• понеделник, 04 ноември 2024

Тунелот за железничко поврзување со Бугарија ќе го гради еден изведувач и ќе се ревидира цената и проектот 

Тунелот за железничко поврзување со Бугарија ќе го гради еден изведувач и ќе се ревидира цената и проектот 

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) -  Еден изведувач да го гради тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, да се ревидира цената и проектот за третата делница, а Бугарија да го заврши својот дел од пругата, се договориле на вчерашниот состанок во Софија македонската и бугарската делегација во разговорите со посредство на Европската Унија.

-  Трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект.  По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач, соопшти денеска Министерството за трансппорт и врски. 

На состанокот, од македонската страна предводена од државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, било истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

- Од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка - Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали. Двете делагции, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура. Беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот, информира Министерството за транспорт.

За време на состанокот, како што соопштуваат, страните размениле информации, временски рамка за изградба, а споделиле и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на Коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.

Постигнатите договори ќе бидат презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ.лв/аа/

фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан