Тужба за продуцентите на „Борат 2“
- Жената во меѓувреме, починала. Неофицијално, сцените со неа веќе се избришани од филмот, кој допрва треба да излезе.
Лос Анџелес, 16 октомври 2020 (МИА) - И вториот дел од комедијата „Борат“ на британскиот комичар Саша Барон Коен, слично како и првиот од пред 15-на години, уште неиздаден предизвикува контроверзии...
Имено, правни застапници на Џудит Дим Еванс - преживеана од Холокаустот ги тужат продуцентите на „Борат 2“ затоа што, како што тие велат, нејзе ѝ било кажано дека нејзината снимена приказна би била наменета за документарец. „Борат 2“ е сатирична комедија, а не документарен филм.
Жената, во меѓувреме, починала.
Неофицијално, сцените со неа веќе се избришани од филмот, кој допрва треба да излезе.
Тужителите бараат отштета од 75.000 долари.
„Борат 2“ ќе го има своето прво прикажување во САД на 23 октомври. си/