• четврток, 04 декември 2025

Тудор за натпреварот против Борусија: Беше натпревар каде што можеше да се види колку енергија потрошивме против Интер

Тудор за натпреварот против Борусија: Беше натпревар каде што можеше да се види колку енергија потрошивме против Интер

Торино, 17 септември 2025 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ги искажа впечатоците по синоќешното реми 4:4 против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампионите.

- Беше натпревар каде што можеше да се види колку енергија потрошивме против Интер. На полувремето, забележав дека некои од играчите беа уморни. Игравме против силен тим со играчи од врвно ниво. Честитки до момците, бидејќи во тој момент не можеа да направат повеќе. Последните два натпревара беа посебни, игравме против важни тимови. Секој што излегува на теренот го прави тоа со голем ентузијазам, што е многу важно за тренер. Секој ден работиме на нашиот тимски менталитет на тренинг. Убаво е да се види дека никогаш не се откажуваме, изјави Тудор за клупскиот сајт на Јувентус.

Натпреварот од Серија А одигран минатиот викенд против Интер заврши со 4:3 во корист на клубот од Торино.

Во второто коло од Лига на шампиони, Јувентус ќе игра против Виљареал на гостински терен на 1 октомври. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан