• вторник, 21 април 2026

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност

Кавадарци, 21 април 2026 (МИА) - Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде што биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

Ратко Грков, доктор во Итната медицинска помош број еден, рече за МИА дека и во неговата смена имало пациенти што се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно јаделе велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при јадење преостанати велигденски јајца, со цел да се избегнат несакани последици од труење. свд/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан