• понеделник, 23 декември 2024

Трудо нова жртва на руските комичари, се претставиле како Грета Тунберг

Трудо нова жртва на руските комичари, се претставиле како Грета Тунберг
Отава, 25 ноември 2020 (МИА) - Нова жртва на руските комичари, познати како Вован и Лексус, беше канадскиот премиер Џастин Трудо, на кого му се претставиле како шведската активистка Грета Тунберг, која наводно побарала од него да и овозможи средба со ликовите од познатата анимирана серија „Саут Парк“, Теренс и Филип. За време на 10-минутниот разговор, снимен во јануари, Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, кои сега објавија, го советувале Трудо за светската политика, меѓу другото, но исто така навеле дека се загрижени за растечката меѓународна криза и можноста за нова светска војна, пренесува „Гардијан“. „Вие сте возрасни, но се однесувате како деца. Можеме да создадеме свет каде ќе има простор за секого. И за црнци и за белци, христијани и муслимани, Трамп и Путин, за Борис Џонсон и Корбин, за Теренс и Филип. Напуштете го НАТО, оставете го оружјето, собирајте цвеќиња, насмевнете и се на природата“, рекла лажната Грета. На тоа, Трудо дипломатски одговорил дека тоа е вистинската перспектива. „Јас исто така сонувам за свет во кој војниците се непотребни, но за жал ние сè уште не живееме во тој свет“, рекол Трудо. Канадскиот премиер сфатил дека станува збор за шега кога лажната Тунберг го повторила барањето да ја запознае со Теренс и Филип. Претходно, жртви на руските комичари беа познати јавни личности, а пред Трудо беше музичарот Елтон Џон кого дуото го повика, претставувајќи се како рускиот претседател Владимир Путин, кој сака да разговара со него за правата на хомосексуалците. паг/  

Остани поврзан