• сабота, 28 декември 2024

Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада

Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада
Отава, 8 ноември 2022 (МИА) - Кина игра „агресивни игри“ со демократиите и со институциите во Канада, смета канадскиот премиер Џастин Трудо. Изјавата на Трудо следува откако канадскиот телевизиски канал Глобал њуз извести за финансирање „тајна мрежа“ на кандидати на неодамнешните избори. Исто така, властите во Отава кон крајот на октомври најавија истрага за наводни незаконски кинески полициски бироа во областа на Торонто. - Презедовме значајни чекори за зајакнување на интегритетот на нашите изборни процеси и системи, нагласи Трудо пред новинарите. Тој додаде дека Канада ќе продолжи да „инвестира во борбата против мешањето во изборите, против странското мешање во демократиите и институциите“. бд/сд/

Остани поврзан