• среда, 10 јули 2024

Трпчевски нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2

Трпчевски нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2

Битола, 17 јули 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови за новата сезона со 26-годишниот десен бек Стефан Трпчевски, соопшти попладнево битолскиот клуб.

Трпчевски потекнува од школата на битолски Еурофарм Пелистер и се враќа во клубот по неколку интернационални искуства.

Во изминатите неколку сезони Трпчевски настапуваше за шпански Бургос, фински Бк-46, израелски Хапоел Кирјат Оно и грчкиот клуб Фаикса Корфу.

Трпчевски во македонскиот ракомет ги носеше дресовите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш. ег/дма/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан