Тројца хоспитализирани со топлотен удар на Кипар, едно лице во критична состојба
- Според изјавата на портпаролот на државната здравствена организација, Хараламбос Харилау, 61-годишен маж бил примен во болницата во Лимасол, интубиран и сместен на интензивна нега.
Никозија, 27 јули 2025 (МИА) - Тројца мажи се хоспитализирани денеска во Лимасол и Никозија поради топлотен удар, при што еден од нив е во критична состојба.
Според изјавата на портпаролот на државната здравствена организација, Хараламбос Харилау, 61-годишен маж бил примен во болницата во Лимасол, интубиран и сместен на интензивна нега.
Во исто време, двајца постари мажи, на возраст од 78 и 89 години, се хоспитализирани во Никозија во сериозна, но стабилна состојба. Уште еден 88-годишен пациент бил примен со симптоми на топлинска исцрпеност и е надвор од животна опасност.
Харилау апелираше до населението, особено до ранливите категории, да избегнуваат директна изложеност на сонце, да бидат внимателни и да внесуваат доволно течности, поради екстремно високите температури што зафатија делови од островот. ссм/
фото: принтскрин