• сабота, 21 декември 2024

Тројца турски војници убиени во судири со курдски борци во северен Ирак

Тројца турски војници убиени во судири со курдски борци во северен Ирак
Анкара, 11 февруари 2021 (МИА) - Тројца турски војници се убиени во офанзива против членови на Курдистанската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. Двајца војници беа убиени вчера во судирите во областа Гара, на првиот ден од последната операција на Турција против курдските борци. Од здобиените повреди денеска почина уште еден војник. Војската соопшти дека турските авиони возвратиле и гаѓале во цели на забранетата ПКК во Гари. ПКК не издаде соопштение во врска со судирите. паг/    
 

Остани поврзан