• вторник, 05 ноември 2024

Тројца соработници на Мун обвинети за сексуално вознемирување

Тројца соработници на Мун обвинети за сексуално вознемирување
Сеул, 16 јули 2020 (МИА) - Случајот на градоначалниот на Сеул, Парк Вон-сун, кој минатата недела се самоуби откако против него беше поднесена пријава за наводно сексуално вознемирување на поранешна секретарка, ја подели јавноста во Јужна Кореја бидејќи тој е трет соработник на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, против кои изминатите години беа поднесени слични обвиненија. Парк важеше за борец за правата на жените, а беше избран за претседател на Јужна Кореја во 2017 година, покрај другото, и затоа што вети дека ќе биде „феминистички претседател“. Но, во 2019 година, Ан Хи-џанг, член на Демократската партија на Мин, поранешен гувернер и поранешен кандидат за претседател на Јужна Кореја беше осуден на три години затвор за силување на секретарката. На почетокот од годината Ох Кио-дон, градоначалник на Бусан и член на Демократската партија поднесе оставка и јавно се извини поради сексуално вознемирување на една вработена во неговиот кабинет. Погребот на Парк беше подмирен од јавни средства и покрај тоа што над половина милион луѓе потпишаа петиција против тоа. ми/

Остани поврзан